Тројца турски полицајци убиени на југоистокот

0
2161

Најмалку тројца полицајци загинале а десетина се ранети во експлозија на автомобил бомба во близина на контролен пункт во југоисточната  турска покраина Ширнак и во одделен напад во покраината Дијарбекир, изјавиле безбедносни извори за медиумите, за што е обвинета забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Во првиот напад кој се случил рано утрото на полицискиот контролен пункт во Ширнак во кој се убиени двајца и ранети пет турски полицајци, , двајца осомничени за нападот курдски герилци биле убиени во операција на турските командоси со хеликоптерска поддршка пред да им се придружат на соборците, рекле безбедносни извори за агенцијата Dogan.

Во одделен напад во Дијарбекир, курдските милитанти убиле еден полициски офицер и раниле уште две лица, од кои еден цивил, додале изворите.

Уште еден полицаец бил убиен во соседната област Месчит, кога биле затрупувани ровови ископани од младинската организација на PKK, Патриотското револуционерно младинско движење (YDG-Н). Милитантите извршиле напад со ракетни фрлачи, а притоа биле ранети уште еден полицаец и цивил. Според првичните сознанија, уште седум полицајци биле ранети, а во областа Сур во Дијарбекир е прогласен полициски час поради последните судири.

Турски извори јавуваат дека армијата во текот на изминатото деноноќие воздухопловните сили извршиле 64 напади врз бунтовничките позиции во југоисточниот дел од земјата и нивните бази во северен Ирак.

Од прекинот на примирјето кон крајот на јули годинава меѓу турските власти и курдските герилци, во судирите меѓу двете страни веќе загинаа повеќе од 100 полицајци и војници и неколку стотици милитнати, а Анкара тврди дека загубите на PKK се изразуваат во неколку илјади, по што мировниот процес започнат во 2012 година е целосно урнат.

PKK го започна вооружениот бунт против турските власти со барање поширока автономија во 1984 година и во тој судир досега загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека борбата ќе продолжи додека „не остане ниту еден терорист. Турција на 1-ви ноември ја очекуваат предвремените парламентарни избори./крај/мф/сн