Тројца војници убиени во експлозија во Источна Турција

0
627

Тројца војници беа убиени во експлозија на пат во Источна Турција, јавија турски медиуми.

Доцна синоќа биле убиени тројца други војници во судири со бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

Турската полиција денеска во Истанбул уапси 15 наводни членови на Курдската работничка партија (ПКК) – Движење на патриотската револуционерна младина.

Припадници на единиците за борба против тероризмот извршиле претрес во 23 куќи, главно во квартовите Ќучукчекмеџе и Багџалар. Во акцијата се одземени оружје, муниција и документи.

Денешната полициска акција е дел од антитерористичката операција во Турција. Во акциите кои полицијата ги спроведува од крајот на минатиот месец против ПКК и Исламска држава уапсени се над 1.700 лица.