Тројца загинати и стотици повредени во пожар на португалскиот остров Мадеира

0
200

Три лица загинаа во текот на изминатата ноќ во пожарот што го зафати португалскиот остров Мадеира, информираа  локалните власти, цитирани од ДПА.

Се смета дека жртвите се возрасни луѓе, кои престојувале во две куќи, што биле „проголтани“ од пламените јазици, во околината на Фуншал, главниот град на островот.

Две лица се примени во болница со тешки изгореници, а еден е исчезнат без трага, пишува дневниот весник „Публико“.

Над 300 лица се настрадани од изгореници од огнената стихија, што ги зфатила нивните станбени објекти и ги натерала во паничнко бегство во текот на ноќта. Околу 80 лица се хоспитализирани, а уништени се најмалку 37 куќи и еден хотел со пет ѕвездички.

Пожарот, засилен од топлото време и силниот ветар, ја наметнал евакуацијата на околу илјада локални жители и туристи.