Тројца загинати, меѓу кои и бебе во сообраќајка кај Кичево

0
130

Три лица, од кои две малолетни, загинаа, и тројца се тешко повредени во сообраќајната незгода што попладнево се случи на магистралниот пат Кичево – Скопје во близина на селото Колари.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека двајца од поврдените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а еден во специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид.
– Увидот заврши, а причините за незгодата дополнително ќе се утврдуваат, изјави Димоски.
Незгодата се случила во 18 часот и 20 минути при судир на две возила со струшки и кчевски регистарски ознаки.