Царинското куче откри 4,5 килограми марихуана на Табановце

0
339

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи (мобилен тим) вчера спречиле обид за шверц на околу 4,5 килограми марихуана.

Со помош на царинско куче, во возило „ауди 6“ караван со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин кој патувал заедно со својата сопруга и двете малолетни деца, во специјално направен бункер во долниот дел од автомобилот, пронајдени биле три пакувања наполнети со зелена тревкаста материја. По извршената проверка со тестер за дрога NIK е утврдено дека станува збор за марихуана.

Без коментари

LEAVE A REPLY