Цел ден со дожд

0
1177

Најмногу дожд до 7 часот утрово наврна на мерното место во Маврови Анови, 73 литри на метар квадратен.

Според податоците на УХМР, зад Марови Анови се Крушево со 44 литри, Битола со 43 литри, Гевгелија со  41 литар. Помалку дожд наврна во Претор 38.7, Лазарополе 36.8, Демир Капија 30.7, Тетово 27.9, Пожаране 27.3, Струмица 25.8, Охрид 25.6, Тополчани 22 литри на метар квадратен.

Најмалку дожд падна во Виница 8.6, Штип 8.1, Крива Паланка 6.8 и Берово 3.3 литри.

Во текот на денешниот ден се очекуваат нови врнежи од дожд, но со намален интензитет. Врнежите ќе престанат во текот на вечерта.