Цел град евакуиран поради пожар

0
422

Поради голем шумски пожар околу 60.000 лица се евакуирани од местото Форт Мекмари, што е цела популација на овој канадски град.

Пожарот уништил голем број куќи, а улиците се прекриени со пепел. Поради масовното напуштање на градот, главната сообраќајница е целосно закрчена од автомобили.

Форт Мекмари се наоѓа на 380 километри северно од градот Едмонтон. Оваа евакуација е најголема во историјата на провинцијата Алберта, јавува Би-Би-СИ.