Цената на „ајварката“ ги двоуми граѓаните

0
428

Сувото лето, болестите и уште многу други услови влијаеја родот на пиперката „ајварка“ да биде намален. Но на сметка на родот пак, цената е зголемена. На пазарот сега може да се купат за 30 или 40 денари. Цената на „ајварката“ граѓаните ги става во дилема, дали да се прави домашниот деликатес, задолжителната зимница во македонските подруми – ајварот. Иако последните години на пазарот има се повеќе избор да се купи готова зимница, сепак граѓаните велат – домашното е поубаво. Иако во помали количини, сепак традицијата не се напушта.

-Поскапо е од лани, но ќе направиме колку што можеме.

-Скапи се. Ќе размислам, ние двајца сме дома. Сепак домашното е поубаво, велат купувачите.

На битолскиот пазар веќе можат да се најдат пиперки, за ајвар, за сушење. Продавачите поделени, некои се задоволни, некои не.

-Немавме вода оваа година. Ќе има пиперки, ама не многу, колку не се знае.

-Јас сум задоволна, гледам дека има полошо, затоа сум задоволна, велат продавачите на пиперки.

Минатата година пиперката „ајварка“ на големо се продаваше од 20 до 25 денари.