Цената на лековите остнаува иста

0
379

Министерството за здравство ја укина одлуката за новото зголемување на цената на одредени лекови. Министерот Таравари тврди дека ден пред истекувањето на мандатот, неговиот предходник Тодоров донесол таква одлука која како што вели, ќе удрела по џебот на граѓаните.

„Одлучив да преземам конкретни мерки за поништување на ова решение за кое управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука на 26-ти мај годинава, а одлуката е излезена во службен весник на 9-ти јуни. Донесов одлука за поништување, бидејќи ќе удреше по џебот на пациентите“, изјави министерот Таравари на денешната прес-конференција.