Цената на нафтата падна под 40 долари за барел

0
414

Цената на нафтата падна под 40 долари за барел на берзата во Њујорк за прв пат од март 2009 година поради знаците дека светската презаситеност ќе продолжи, соопштува „Bloomberg“.
Цените се намалија за речиси 35% по пикот за годината во јуни, бидејќи производителите го задржаа своето производство дури откако обилното снабдување ги притисна цените на пазарот. Цената на суровата нафта може да се сруши до 32 долари за барел поради тековниот светски вишок, изјави „Citigroup“ во извештај од 19 август. Загриженоста околу економскиот раст на Кина ќе ја намали побарувачката.
„Јасно е дека големите производители – Саудиска Арабија, Русија, САД и други, се борат за удел на пазарот“, изјавил Џон Килдиф, партнер во американскиот хеџ фонд „Again Capital LLC“.
Суровата нафта за испорака во октомври се намали за 1,20 долари или 2,9% до 39,94 долари за барел во средината на сесијата на „New York Mercantile Exchange“. Нафтата од типот брент за октомври се намали за 3% до 45,21 долари за барел на лондонската берза.
Нафтените рамнотежи покажуваат дека обилното снабдување во 2015 година ќе продолжи, што „нè тера да се запрашаме до каде може да стигне нафтата“, велат аналитичарите на „Citigroup“, предводени од Сет Клаинман.
„На крајот понудата и побарувачката ќе се изедначат, но тоа ќе потрае некое време“, изјавил Чип Хоџ, кој управува со портфолио обврзници за 9 милијарди долари, како извршен директор во „John Hancock“.
Резервите на сурова нафта во САД се зголемија до 456,2 милиони барели во текот на неделата до 14 август, речиси 100 милиони барели над пет години средни нивоа. Производството на земјата е зголемено за 8,8% во однос на минатата година до 9,52 милиони барели на ден во јули, највисоките резултати од 1920 година, изјавија од „American Petroleum Institute“ во четвртокот.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја добила квотата од 30 милиони барели на ден за малку повеќе од една година, покажуваат податоците на „Bloomberg“.
Саудиска Арабија изјавила дека „ОПЕК“ и нејзиното производство за јуни достигна рекордно ниво, и го надмина претходниот рекорд од 1980 година.