Цената на нафтата паѓа, ништо не поевтинува

0
642

Граѓаните сега засега не гледаат ќар од поевтинувањето на нафтата.Корист од падот на цената на горивата, имаат само оние што возат сопствени автомобили, но не и корисниците на јавниот превоз, бидејќи засега нема најави дека ќе има намалување на цената на билетите во градскиот и меѓуопштинскиот превоз.Оние кои што денеска ги анкетиравме велат дека не ни очекуваат намалување на цените на билетите во градскиот превоз а не очекуваат намалување ниту на цената на производите

Од денеска гориваат поефтини се за 3,5 денари по литар. Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.Вообичаено кога цената на енергенсите расте, се зголемуваат и цените во другите сектори, но сега континуираниот пад на цената на горивата најверојатно нема да донесе бран на намалување на цените во другите сектори. Упатените во нафтениот бизнис посочуваат дека трендот на намалување на цените на горивата треба да значи и намалување на цените на прехрамбените производи и превозот.

Вчерашното намалување на цените на горивата за 3,5 денари е најголемото во период од повеќе од една година. Во последните три месеца не беа забележани значителни падови, иако цената на нафтата на берзите вртоглаво паѓаше. На пример, на 1 ноември минатата година цената падна за еден денар и еуросупер 95 чинеше 62 денари, а литар еуросупер 98 – 64 денари. На 15 ноември се зголеми цената на бензините за 0,50 дени, а на 15 декември Регулаторна одлучи да ги остави на истото ниво. На крајот на 2015 цените на литар бензин паднаа за еден денар, а на дизелот за 3 денари. Или, еуросупер 95 чинеше 61,5 денари, еуросупер 98, 63,5 денари литар, а дизелот 43,5 денари. Со последните корекции од 12 јануари, пак, бензините поевтинија за само 0,50 дени, а дизелот за 1 денар.

Инаку, цената на нафтата на светските берзи почна значително да паѓа од јуни 2014 година и до крајот на таа година се намали за околу 60 отсто, поради големите резерви и слабоста на глобалните компании и силниот долар.