Цената на нафтата расте

0
324

Терминските цени на нафтата повторно се зголемија, поттикнати од слабиот долар и очекувањата дека зголемената побарувачка за “црното злато“, ќе ја ублажи презаситеноста на глобалниот пазар.

Цената на американската “лесна“ нафта за испорака во ноември порасна за 0.93 отсто, на 50,09 долари, додека сировата нафта “брент“ чинеше 0,78 отсто повеќе, односно 53,06 долари за барел, пренесе Франс прес.

Цените на на нафтата неодамна закрепнаа од шестгодишниот минимум, регистриран кон крајот на август, во пресрет на очекувањата дека американската Управа за федерални резерви Фед, годинава ќе ги подигне трошоците за задолжување, што влијаеше на пад на вредноста на доларот.

Инвеститорите исто така, се фокусирани на објавување на клучните економски податоци од Кина, за инфлацијата и трговијата, а кои би можеле да дадат нови докази во поглед на економската состојба на земјата, која е најголем светски потрошувач на овој енергент.

Поддршка на цените на нафтата даде и коментарот на генералниот секретар на ОПЕК, Абдулах ел Бадри, дека очекува рамнотежа во цената на нафтата во наредната година.

Без коментари

LEAVE A REPLY