Цените на бензините и дизелот остануваат исти

0
251

Малопродажните цени на бензините и на дизел горивата ќе останат непроменети и во наредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 65,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 50,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 ден/лит.

За 0,513 денари поскапува само мазутот М-1 НС, и килограм ќе чини 24,591 денари.

Без коментари

LEAVE A REPLY