Цените на бензините се зголемуваат за три, а на дизелот за 2,5 денари

0
365

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за три денари, додека дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на еуросупер 95 изнесува 58 денари за литар, а на еуросупер 98 ќе биде 60 денари.
Цената на литар еуродизел останува 43,5 денари, додека на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денара, на 32 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголемува за 1,024 денари за килограм и со тоа цената на М-1 изнесува 15,697 денари за еден килограм.