Цените на мобилната телефонија не пораснаа, но ќе има ли трет мобилен оператор?

0
636

Откако минатата недела Агенцијата за електронски комуникации објави дека во последниот период се случило зголемување на цените во мобилната телефонија, реагираше компанијата ВипОне.

Велат дека сите тарифи и постоечки договори остануваат исти и дека нема да има промени во нив.

„Со комерцијалната интеграција на брендовите нема промени во договорите склучени досега. Корисничките договори остануваат целосно важечки со истите бенефиции, права и обврски се до нивната промена или раскинување од страна на самите корисници. Корисниците продолжуваат да ги користат услугите под истите услови под кои ги имаат склучено своите договори, со истите цени согласно избраниот тарифен модел“, изјавија од компанијата.

Инаку првиот човек на АЕК Сашо Димитријоски, информираше дека веќе почнале процедура за повик за трет мобилен оператор, како би влијаеле на пазарот на мобилната телефонија. Според одредени проценки, од идеја до реализација за овој проект Македонија би чекала 2 години.

Во моментов на пазарот на мобилна телефонија има два оператори Телеком и Оне.Вип, кои се споија од Оне и Вип и со тоа станаа најголем играч на пазарот на мобилната телефонија, со учество од 51.93 отсто.

Телеком пак останува најголема компанија во вкупната телефонија.

www.faktor.mk