Ценовен шок во Грција

0
1289

Во Грција поскапеа многу производи и услуги, а најмногу храната.

Ова се случува по одлуката за зголемување на данокот на додадена вредност ДДВ.

Поскапувањето на брашното ќе придонесе за зголемување на цените во пекарниците и слаткарниците. Малопродажните цени на алкохолните пијалаци се покачуваат за 10%, а цените по кафулињата за 20%. Цената на пивото е скоро двојно зголемена, на кафето за 40, до 60 %, а повисоки се и цените на облеката и обувките. За 10% поскапеа и билетите за јавен превоз, авионските и билетите за брод.

Угостителите во Грција се обидуваат да не ги зголемат и цените во таверните.

Од туристичките агенции во земјава објаснуваат дека цените на хотелите и на приватното сместување се исти. Угостителите во Грција се обидуваат да не ги зголемат и цените во таверните.

Цариниците во Грција почнаа построго да ги применуваат европските забрани за внес на храна во земјите-членки на ЕУ. Не е дозволено да се внесуваат млеко, млечни и месни производи што не се произведени во ЕУ. Дозволено е да се пренесе млеко во прав за бебиња, храна за бебиња, специјална храна или храна за миленичиња, но не повеќе од два килограми. Може да се внесе во земјата до два килограми мед, бисквити, леб, торта, чоколада, риба, супа и зачини.