Центар за ран детски развој во Могила

0
1873

Со 30 илјади евра донација од Р.Бугарија денеска најмалите од 3 до 5 години од општина Могила добија комплетно опремен Центар за ран детски развој. Првооделенците пак од 1 септември ќе седнат во нова училишна просторија, за сите ученици се отвори читална и библиотека, и целосно се реконструира санитарниот јазол. Денеска во посета на Општина Могила, односно во ОУ „Гоце Делчев“ бугарскиот конзул во Р.Македонија.

-Многу сум среќен и задоволен затоа што денеска ќе го отвориме реконструираниот објект, кој што е за малите деца . Ние со градоначалникот имаме одлична соработка која трае отприлика три години, и ова е вториот објект кој што со наша донација се реконструира. Минатата година со наша помош и донација се реконструираше училиштето во с.Беранци . Тоа нас не радува бидејќи овие објекти ќе останат единствен споменик на добрите врски меѓу Македонија и Бугарија. И тоа се однесува на обичниот народ, во случајов децата, родителите, и воопшто на сите жители на Могила, изјави Теодор Русинов, конзул на Р.Бугарија во Р.Македонија

Со оваа инвестиција комплетно е заокружена реконструкцијата и надградбата на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила.

-Кога се работи за образованието можеме да ја искажеме нашата благодарност затоа што се работи за деца од претшколска возраст. Читалната и библиотеката ќе се користат во текот на целата учебна година. Моментално наставата ја посетуваат околу 20 тина деца, но со изградбата и надоградбата на Центарот нивниот број ќе се зголеми. Досега родителите за да го насат своето дете во Центарот мораше да платат 500 денари партиципација, од 1 септември ќе бидат ослободени од плаќање затоа што воспитувачот кој што е задолжен за едукација на децата ќе биде вработен преку Агенцијата за вработување, изјави Стево Пивковски градоначалник на општина Могила.

И градоначалникот и бугарскиот конзул најавија дека и во иднина ќе продолжи нивната соработка.

Без коментари