Цермат бара од Советот раскинување на договорот за ФК Пелистер

0
3026

Цермат преку писмо бара од Советот на општина Битола раскинување на договорот што беше склучен. Во писмото се вели :

-И покрај искрената желба и максимално вложените напори кои се направени, севкупните финансиски вложувања како и целосната заложба на управата на клубот со цел ФК Пелистер АД Битола да се издигне на едно повисоко ниво во Македонскиот фудбал па и пошироко, сепак клубот не успеа во континуитет да постигнува добри резултати со кои Цермат ДОО Битола како доминантен сопственик би бил задоволен. Поради овие причини Цермат ДОО Битола одлучи да го откажи  Договорот за продажба на доминантен пакет акции на ФК Пелистер АД Битола и да остави можност некој друг, кој со искрени заложби и несебичен ангажман, ќе успее да го врати клубот онаму каде што заслужува, а тоа е на врвот во Mакедонскиот фудбал и афирмација на клубот на меѓународната сцена, стои во писмото на Цермат ДОО Битола. Ова барање во вторник е ставено како прва точка од дневниот ред на Седница на Совет.