Циклон на Филипини

0
228

Најмалку две лица загинаа, а петмина се исчезнати во лизгање на земјиштето по обилните дождови и поплави на Филипините, изјавија локални претставници.

Двајца браќа на 14 и 17 години настрадале кога надојдената река ја однела нивната куќа во предградието на Манила.

Сите исчезнати се од провинцијата Лагуна.

Владините служби и училиштата и денеска се затворени, а повеќе летови од аеродромот во Манила се откажани.

Метеоролошката служба предупреди на нови поплави и лизгања на земјиштето на патот по кој се движи циклонот кој доцна синоќа ги погоди источните делови на Филипини.

http://novatv.mk