Циклус на македонски филмови во 3Д киното во Битола

0
404

Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио, денес ќе ја доживее својата премиера пред битолската публика.
Се работи за психолошки трилер, во кој двата главни женски ликови, преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.
Сценариото го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов. Продуцент на филмот е Томи Салковски.
Во месец ноември ќе се прикажат и други македонски филмови но и најважните филмови кои од 1959 до 1991 година беа создавани под логото на „Вардар филм“ и наградени со релевантни признанија.
До сега, филмот Три дена во септември, се прикажа на 39-тиот филмски фестивал во Монтреал и 51-от Интернационален Филмски Фестивал во Чикаго, два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа.