ЦИП Продукт ДООЕЛ Скопје успешно ја презема Пелистерка АД Скопје

0
385

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 78- мата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска донесе Решение со кое понудата за преземање на акции од Друштвото за производство и трговија Пелистерка АД Скопје што ја даде Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт ДООЕЛ Скопје се утврди за успешна.

Понудата за преземање била прифатена од вкупно 42 сопственици на обични акции со право на глас во Пелистерка АД Скопје кои поседуваат вкупно 10.975 обични акции што претставува 26,51 % од вкупниот број на обични акции со право на глас,односно 21,87% од вкупниот број на сите издадени хартии од вредност на Пелистерка АД Скопје.

Врз основа на оваа понуда, преземачот- Цип Продукт ДООЕЛ Скопје се стекна со 10.975 обични акции, па заедно со акциите што веќе ги поседуваше има вкупно 35.316 обични акции што претставува учество од 85,3% од вкупниот број на обични акции, односно 70,38% од вкупниот број на акции издадени од Пелистерка АД Скопје.Преземањето на хартиите од вредност се изврши по цена од 2.100 денари по акција.