Ципрас ги прифати сите услови на ЕУ и ММФ!!!

0
144

Грчкиот премиер Алексис Ципрас подготвен се со мали исклучоци да ги прифати сите предлози на меѓународните кредитори изнесени минатиот викенд, што го потврдува и писмото чија содржина ја објави Фајненшл Тајмс.

Ципрас навел дека Атина ќе ги прифати сите предлози за реформи на системот за ДДВ но барал посебен попуст од 30% на територијата на островите до кои е тешко да се дојде.
Тој исто така бара поместувањето на границата за заминување во пензија на 67 години да се применува дури од октомври 2022, а не веднаш како што бараат кредиторите.
Уште еден исклучок кој го предложил Ципрас се однесува за на помош за најсиромашните пензионери
„Како што може да забележите, измените кои ги бараме се конкретни и во потполност скалдни со генералната идеја на програмата” – наведува Ципрас во писмото до кредиторите.
Документот од две страни е испратен до Европската комисија, ММФ и Европската централна банка и би можел да послужи како основа за добивање нов пакет финансиска помош во наредниот период, пишува Фајненшл Тајмс.
Министрите за финансии на еврозоната ќе се состанат попладнево за да расправаат за новиот предлог.