Ципрас и Коѕиас на учествуваа на состанок во Њујорк поради Р. Македонија

0
1167

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас не учествуваа на состанокот посветен на борбата против насилниот екстремисам и таканаречената „Исламска држава“, организиран од страна на американскиот претседател Барак Обама.

Грчките медиуми јавуваат дека неучеството на Ципрас и Коѕиас се должи на „мал дипломатски инцидент“, поради тоа што Македонија на состанокот е претставена под уставното име Република Македонија.

Со оглед на тоа што Грција е само набљудувач на состанокот, затоа што не учествуваше минатата година, грчкиот премиер нема право да интервенира, што значи не може да поднесе приговори.

Според грчки извори, грчката Амбасада во САД побарала од Стејт департментот и Белата куќа да го сменат нашето име во ПЈРМ. Сепак, како што јави вчера МИА, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд го одбила барањето на Грција со образложение дека САД од Ноември 2004 година ја признаа Република Македонија под уставното име.