Ципрас ја смени владата

0
470

Среде критичната состојба на разгорени пожари низ цела Грција, премиерот Алексис Ципрас го измени и реконструираше владиниот состав.

Само преку пишано соопштение до медиумите, Ципрас објави значително изменета, нова влада со 10 нови министри и заменици министри, преместени од други министерства, но и целосно нови лица.

Надвор од владата е клучно лице како министерот за енергетика Панајаотис Лафазанис и министерот Димитрис Стратулис, кои гласаа против мерките, а сменет е и владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис.