Ципрас ќе отвора Канцеларија на премиерот во Солун

0
197

Грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека планира да отвори Канцеларија на премиерот во северниот грчки град Солун, за време на состанокот со претставници на индустриски и стопански здруженија од северна Грција.

Според извори од организациите кои присуствуваа на состанокот, Ципрас рекол дека ќе создаде филијала на Канцеларијата на премиерот во Солун, каде ќе остварува средби со организации и тела со седиште во Солун и северниот дел на Грција, како и со балканските лидери кои ја посетуваат Грција.