Ципрас ќе побара простување на 30 отсто од долгот на Грција

0
90

Грчките медиуми пренесоа дека премиерот Ципрас од лидерите на земјите членки на еврозоната ќе побара долгот на неговата држава да биде намален за околу 30%, откако гласачите ги отфрлија барањата на кредиторите, кои беа предуслов за доделувањето на меѓународната финансиска помош.

Брисел од официјална Атина очекува да претстави сериозни предлози, додека на земјата и се заканува банкрот, заради долгот од 323 милијарди евра.