Ципрас поднесува оставка

0
264

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, веројатно ќе поднесе оставка од функцијата. Ова го објавуваат речиси сите грчки медиуми.

Ако навистина се случи Ципрас да поднесе оставка, тогаш грчкиот парламент ќе треба да биде распуштен веднаш, и ќе треба да се распишат итни парламентарни избори.

Во тој случај претседателот е должен да ја почне процедурата за предвремени парламентарни избори, а како можен датум се споменува 20 септември, годинава.

Но, според пишувањата на грчките медиуми, ако Ципрас поднесе оставка тогаш не се исклучува одржување на избори на 13 септември, годинава.

Инаку, пред неполн еден месец, германските медиуми објавија дека Ципрас интензивно размислува за предвремени избори кои би се одржале на 13 или 20 септември.

Според пишувањата тогаш, Ципрас сака да има избори веднаш по одобрувањето на третата програма за помош, со оглед на тоа што сака да ја реконструира СИРИЗА и да си обезбеди нов чист почеток.