Ципрас: Сите страни да обезбедат услови за развој на Грција, наместо да ја казнуваат

0
239

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во статија за електронското издание на весникот „Волстрит Џурнал“ ги повика денеска сите страни да прекинат со казнените практики кон Грција и да обезбедат услови за развој на земјата.

Ципрас се осврнува на конфликот меѓу европските институции и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои според него довеле до забавување на преговорите со кредиторите.

Статијата е објавена пред денешната пролетна сесија на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Грчкиот премиер во статијата се обидува да испрати порака дека Грција е подготвена повторно да влезе во сферата на растот и да привлекува странски инвестиции, но смета дека за тоа е потребно сите страни да обезбедат таква можност за земјата.

Ципрас истакна дека од суштинско значење за Грција е да бидат преземени одлучни чекори за олеснување на нејзиниот долг.

– Конфликтот меѓу ЕУ и ММФ за грчкиот долг и одзема драгоцено време на земјата и го забавува долгоочекуваното враќање на патот на развојот. Најсигурниот пат за постигнување на таа цел е да се поттикне растот и да се стави крај на казнените мерки од минатото, пишува грчкиот премиер.

http://a1on.mk