Ципрас во одбрана на Варуфакис

0
279

Бившиот грчки министер за финасии Јанис Варуфакис се наоѓа под жестока критика од грчката јавност заради т.н. План Б. Во случај Грција да биде приморана да ја напушти еврозоната,  со овој план наводно би се формирал  паралелен систем на плаќање.

Против него се подигнати приватни тужби за наводниот негов таен план со кој сакал земјата да излезе од еврозоната. Грчкиот Врховен суд го проследи овој случај до Парламентот, кој е единствено надлежен во донесувањето на проценката дали бившиот министер треба кривично да се гони.

Денеска токму во парламентот премиерот Алексис Ципрас застана во одбрана на Варуфакис. Тој одговараше на прашања од опозицијата за можното усвојување на паралелниот систем со кој би се овозможил олеснет излез на евра.

Варуфакис минатиот месец изјави дека Ципрас го овластил да го осмисли паралелниот систем на плаќање. На тоа Ципрас одговори дека морало да се има резервен план во случај на прогласување на „грегзит“ од страна на меѓународните кредитори.

Во меѓувреме се водат интензивни преговори помеѓу Европската Унија и Меѓународниот монетраен фонд со Грција за третиот пакет помош во висина од 85 милијарди евра. Преговорите мора да бидат завршени до 20-ти август кога е рокот за исплаќање на ратата од 3 милијарди евра до Европската централна банка.