„Циркус„ во Охрид, драма во Прилеп

0
291

Натпреварот во Првото коло во Купот на Македонија меѓу Вулкан и Македонија Ѓорче Петров не го дочека својот крај откако беше прекинат при водство 2:0 за домаќините. Домашните фудбалери не се појавија на центарот на стартот од второто полувреме. Главниот судија почека 15 минути, фудбалерите на Вулкан се уште ги немаше и го прекина натпреварот. Според правилата на ФФМ натпреварот ќе се регистрира со службена победа за Македонија ЃП 3:0, а Вулкан соодтвено ќе биде казнет. Вистинска драма се случуваше и на мечот Победа – Младост Царев двор. Прволигашот долго време водеше со голот на Ристе Илиоски на асистенција на Елмазовски. Победа беше на прагот од триумф и во пенал серијата, по двете одбрани на младиот голман Јованоски, меч топки имаа, но Гешоски и Мегленски немаа среќа, а и Карчески не реализираше, тогаш несовладлив беше Петровски. На крај со голот на Дејан Велевски се радуваа од екипата на Младост Царев Двор.

Еуромилк – Ренова 1:2
Вулкан – Македонија ЃП (прекината)
Превалец – Силекс 0:4
Лирија – Хоризонт Турново 0:11
Зајаз – Шкендија
Беласица – Скопје 0:2
Љубанци – Тетекс 1:1 (4-3 пенали)
Победа – Младост Царев Двор 1:1 (4:5 пенали)
Кожув – Вардар 0:1
Поешево – Гостивар 0-0 (2:3 пенали)
Малеш – Металург 1-9
Љуботен – Шкупи 1-5
Фортуна – Работнички (13.08.)
11 Октомври – Пелистер (13:08)
Плачковица – Брегалница (13:08).