Цорк: Хумелс останува во Дортмунд

0
176

Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд, Михаел Цорк, изјавил дека капитенот на тимот Матс Хумелс и следната сезона ќе остане во клубот.

Претходните месеци се шпекулираше дека Хумелс ќе го напушти Дортмунд по завршувањето на сезоната и дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

„Логично е дека Матс размислува за својата иднина, но јас му кажав дека тој се наоѓа во нашите планови и за следната сезона“, рекол Цорк.

Актуелниот договор на Хумелс со Борусија истекува во јуни 2017 година, а според шпекулациите Манчестер Јунајтед бил подготвен да плати 40 милиони евра за неговите услуги.