Црквата Свети Сава во Њујорк изгоре на Велигден

0
631

Силен пожар избувна во српската православна црква „Свети Сава“ во центарот на Менхетен синоќа и за неколку минути стигна до покривот.

Сто и седумдесет пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој ја уништи историската зграда на 25. западна авенија во близина на Бродвеј.

Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек.

– Сите сме живи, но зградата повеќе ја нема. Оваа црква ја спојуваше целата заедница, бидејќи е единствена во Њујорк, а сега ја нема. Ова е ужасно, кошмар, моето срце е скршено, изјави свештеникот Џокан Мајсторовиќ.

Пожарот изби вчера околу седум часот вечерта по локално време, неколку часа по воскресната литургија, а локализиран е дури четири часа подоцна.

Во текот на денот повеќе од 700 верници од православна вероисповест го одбележале Велигден во оваа црква, но според последните извештаи зградата била празна, кога во неа избувнал пожарот.