„Црн понеделник“ во Полска

0
356

Десетици илјади Полјачки во Варшава и другите поголеми градови, илјадници во помалите градови низ Полска и стотици во селата и во странство излегоа денес на улиците во општ женски штрајк во знак на протест против плановите на конзервативната полска власт и полската католичка црква целосно да го забранат абортусот, па дури и кога бременоста им ги загрозува здравјето и животот.

„Црниот понеделник“, како што го нарекоа полските жени, е инспириран од штрајкот на Исланд кога еден ден во 1975 година жените не отишле на работа, а своите домашни обврски и грижата за децата им ја препуштиле на сопрузите, жените денес го почнаа со протестни прошетки и други настани, а попладнето и покрај силниот дожд ги окупираа централните плоштади на полските градови.

Во Варшава плоштадот пред Кралскиот замок беше преплавен со чадори над главите на околу 30.000 Полјачки, но и солидарни мажи, облечени во црно, во знак на жалост поради тоа што конзервативната партија Право и правда заедно со католичката граѓанска иницијатива „Стоп на абортусот“ се обидува да им го одземе правото тие самите да одлучат дали ќе го жртвуваат животот за тукушто зачнатото бебе.