Црна Гора го зголеми ДДВ на 21 отсто

0
302

Црна Гора ја зголеми стапката на ДДВ од 19 на 21 отсто, со одлука на Собранието.

Пратениците ги усвоија дополнувањата на Законот за ДДВ, предложени од Владата, кои ќе стапат во сила од јануари следната година.

Црна Гора има проблем со јавниот долг, кој без гаранции се движи околу 65 отсто од БДП, што предизвикува загриженост кај домашните, а особено кај странските финансиски организации.

Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и други финансиски организации и сугерираат на Црна Гора „фискална консолидација“.

Без коментари