Црна Гора му воведе санкции на Крим

0
733

Владата на Црна Гора усвои одлука за воведување меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуката на Советот на Европската Унија, со која забранува увоз и извоз од Крим и Севастопол, јавуваат денес црногорските медиуми.

Мерките, како што се наведува во соопштението објавено вчера, се одговор на незаконската анексија на Крим.

„Се забранува увоз во Црна Гора на стока со потекло од Крим или од Севастопол. Се забранува, директно или индиректно, финансирање, односно пружање финансиска помош, осигурување и реосигирување, поврзано со увоз на стока со потекло од Крим или Севастопол. Се забранува свесно и намерно учествување во активности чија цел или последица е непочитување на забраните“, се вели во одлуката, со објаснување дека забраните не се применуваат на стоката со потекло од Крим или Севастопол за која украинската влада издала потврда за потеклото.