Црна Гора не му дозволува влез на рускиот вицепремиер

0
348

Црна Гора соопшти дека на рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин му е забранет влез во земјата. Црногорското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Рогозин е меѓу 50-те руски политичари и бизнисмени на кои им е забранет влез во земјата. Црна Гора, која се надева на членство во ЕУ, а веќе доби покана за членство во НАТО, се приклучи кон западните санкции против Русија поради нејзината улога во кризата во источна Украина. Министерството за надворешни работи соопшти дека лидерот на проруската Демократска народна партија, Милан Кнежевиќ, го поканил Рогозин без никакви консултации со црногорските власти, пишува Радио Слободна Европа.

Без коментари

LEAVE A REPLY