Црна Гора ѝ одговори на Русија дека одлуката за НАТО е внатрешно прашања

0
343

Црногорското министерство за надворешни работи и европски интеграции (МВПЕИ)соопшти во средата дека институциите на Црна Гора, во прв ред парламентот, одлучуваат за потврдата за полноправното членство во НАТО и дека трети страни не треба да изнесуваат ставови за тоа.

Ова е одговор на Подгорица на соопштениот на руското министерство за надворешни работи, кое го пренесе агенцијата ТАСС а потоа и црногорските медиуми, во кое Москва инсистира на одржување референдум во Црна Гроа за придружување кон НАТО, како што бара и тамошната опозиција.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека ситуацијата во Црна Гора е тешка. „Зборувам за внатрешна политичка криза, проследена со протести. Значи, длабоки поделби и натаму постојат во црногорското општество, по прашањето на членството на земјата во НАТО“, рече Захарова.

Оттаму, Русија смета дека црногорските граѓани за тоа би требало а се изјаснат на референдум и тоа, како што додаде Захарова, би претставувало манифестирање на демократијата во Црна Гора.

Официјална Подгорица, пак, смета дека „За начинот за одлучување за потврда во полноправното членство во НАТО одлучуваат институциите на Црна Гора, во прв ред парламентот, и оти во таа смила трети страни не треба да изнесуваат ставови за тоа како институциите би требало да се изјаснат за внатрешните прашања“.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во понеделникот изјави дека „не постои правна обврска, ниту политичка обврска“ за распишување референдум за пристапувањето на Црна Гора на НАТО, туку дека таа одлука била во надлежност на парламентот, каде мнозинството го имаат неговите поддржувачи и според него две третини од парламентот го поддржуваат влегувањето во Алијансата./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY