Црна Гора во НАТО

0
384

По шест години НАТО прв пат донесе одлука за проширување. Црна Гора ќе стане 29-та членка на алијансата по 16 години откако НАТО ја бомбардираше како дел од поранешна Југославија. Членките на НАТО се решија на овој чекор и покрај противењето на Русија.

Кремљ денеска соопшти дека ќе следува одмазда, а каква ќе биде ќе одлучи претседателот Путин. Американскиот државен секретар Џон Кери во Брисел рече дека проширувањето на Алијансата не е насочено против Русија.

Направивме уште еден чекор напред кон целосна интеграција на Европа и кон заедничка одбрана со поканата за Црна Гора во Алијансата и заврстување на нејзиното место во ерво-атланстката заедница на безбедност и вредности со реафирмирање на политиката на отворени врати на НАТО. Мојата влада ќе соработува со раководството  на Црна Гора во претстојните месеци за членство до Самитот во Варшава во јули, изјави Џон Кери, државен секретар на САД.

Без коментари

LEAVE A REPLY