Црните страници на УДБА

0
1618

-Денеска во Битола продолжува со промовирањето на црните страници на УДБА, државниот архив на РМ, една мошне значајна едиција со 9 тома, 16 книги и 13 и пол илјади страници, и 202 досиеа. Она што е мошне важно е дека ние подолг период низ Македонија ја промовираме едицијата, многу досиеа кои досега не беа познати стануваат достапни за јавноста многу имиња станаја инволвирани во овој процес и треба да дадат одговор и пред македонската јавност, и како што забележавме пред два дена еден од илустрираните Иван Бабановски направи насилен упад во една редакција заканувајќи се по живот на еден од нашите промотори, што значи дека започнува процесот на отварање на картите, зошто луѓето кои што се инволвирани како негативни ликови во оваа едиција така се однесуваат, изјави Филип Петровски директор на државен архив
15007691_10209830763957341_1547693872_o

-И во деведесеттите години кога тоа нешто е забрането со закон, забрането со Уставот на РМ и со меѓународните прописи, актерите на тие настани кои се случувале во деветесеттите се живи и здрави и може да се покренат и постапки против тие луѓе бидејќи најлошо ги злоупотребувале своите функции во текот на следењето на личности од идеолошки причини во девеедесеттите години само за да направат политички поени за една политичка структура на штета на друга политичка структура, изјави Доц. Д-р Александар Даштевски