Црно белиот Лајонс бал во знакот на пријателство со Австрија

0
790

Лајонс клубот Битола, по 9-ти пат во ресторан Балукс, го организираше традиционалниот Црно бел бал, најголемиот лајонистички настан и во Дистрикт 132 и во поширокиот регион.

Оваа црно бела ноќ е обоена во боите на пријателството и филанторпијата, дарувањето и и донирањето.

На оваа вечер заискруваат желбите за среќа, радост и љубов.

Оваа година се славеше пријателството со Австрија, па на настанот беше присутна и амбасадорката на Австрија во Македонија, Ренате Коблер и почесната конзулка, Валентина Илиева.

На балот беа присутни значајни гости од Скопје меѓу кои, гувернерот на дистрикт 132 Ѕвонимир Цветановски, основачот на првиот лајонс клуб во Македонија и прв гувернер, Небојша Давидовски и првиот вице гувернер, Слободан Вукичевиќ.

Оваа година гости на балот беа и лајонсите од клубовите Хераклеа и Кабадаја од Битола, потоа лајонсите од Албанија, од клубовите Вардар, Крушево, Куманово, Кичево, Гази Баба, членовите на лео клубовите Алфа, Кабадаја од Битола и лео клубот Игниз од Скопје,а гости беа и ротари клубовите Битола и Широк Сокак.

Лајонсите се секогаш таму каде што треба уште од 1917 година.

На настанот беа промовирани и новите членови на ЛК. Битола.

Се доделија признанија за Лајон на годината, 5 години заслуги за лајонизмот, награда за региски претседател, зонски, координатор за членство, клуб екселент, сертификат за услуги, медал за посебни заслуги, награда за заслуга за развојот на лајонизмот во Македонија.

Пријателството и филантропијата се среќаваат на едно место, а овој пат ги затоплија срцата на виолинистите од Државното музичко училиште. Со собраните средства се купија 9 виолини на младите таленти кои ја продолжуваат мисијата ова училиште да ги дава најголемите музички таленти.

Планер на настанот беше My creative team , за осветлувањето се погрижија Филти кидс продукција.
За музиката оваа година задолжени беа Brass Brothers, Калабалак и
DJ Ile The Hair .

Овој настан 9 та година по ред, е синоним за дружење, забава и донирање.