Црногорец поврзан со нападите во Париз?

0
539

Човекот кој минатата недела беше уапсен во Германија, а за кој се верува дека е поврзан со терористичките напади во Париз, по потекло е од Црна Гора, јавува Бета, повикувајќи се на медиумите во Подгорица.

Француските и Германските служби не контактирале со властите во Подгорица, во врска со уапсеното лице кое се поврзува со нападите од Париз.

51 годишниот човек уапсен е на австриско-германската граница на 5 ноември кога во неговото возило е пронајдено поголемо количество огнено оружје.

Германските служби ги известиле нивните француску колеги.