Црногорската мафија го уби водачот на “Гробарите”

0
488

Црногорските криминални кланови стојат зад ликвидацијата на Александра Станковиќ, водачот на навивачката група „Гробари“, пренесуваат српските медиуми. Стари нерасчистени долгови се причина што Александар, познат под прекарот Сале Мутав, е изрешетан во Белград во близина на централниот затвор.

Тој беше еден од најмоќните навивачи на „Партизан“ и пред него се тресеа дури и членовите на управата на клубот. Александар неодамна пред стадионот нокаутира еден од раководството.