ЦРППР со нови проекти

0
396

– Ќе имплементираме 10 капитални инвестициски проекти во купна вредност од еден милион евра. Станува забор за изградба, реконструкција опремување на пет домови за деца и млади на различни локации во Пелагонискиот регион, три реконструкции, изградба и опремување на детски паркови исто така на територијата на Пелагонискиот регион, една изградба на плоштад и една реконструкција на скијачкиот центар, односно комплетно реновирање и опремување на зимско-летниот рекреативен центар Ниже Поле – информираше Ѓероска.

Конкретно, се работи за капитални проекти кои што вклучуваат градежни изведбени работи со кои ќе се овозможи услуга која претходно не постоела во местото каде што ќе се интервенира.

– Овие средства се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Република Македонија, односно со задоволство сакам да истакнам дека сите проекти со кои Центарот аплицираше во сите три отворени мерки беа одобрени во целосен износ за финансирање. Во таа насока како што ќе дозволат временските услови ќе се отпочне со реализација на проектите уште веднаш. Проектите се од витално значење за општините каде што ќе се реализираат, и жителите на тие места ќе ги користат за повеќе намени и директен бенефит ќе има населението кое живее во овие општини – посочи директорката на ЦРППР на денешната прес-конференција.

Без коментари

LEAVE A REPLY