Цукерберг кај комунистите во Кина, Обама во Куба

0
452

Марк Цукерберг во Кина се сретна со главниот за пропаганда на комунистичката партија. Вака јавува американската СНН и додава дека на неговиот профил тоа не го соопштил. Телевизијата зебележува дека споделил фотографија од прошеткa, но не и од средбата со директорот на пропагандниот оддел на комuнистичката партија.

10600627_10102729249024871_105451796656695430_n

Ден пред средбата со него, Цукерберг напишал дека е на Форум за развој со првите луѓе на јавниот и приватниот сектор. Според кинеските државни медиуми, имало пофалби за развојот на интернетот во Кина, а Цукерберг исто така кажал дека сакал подобро да ја разбере земјата и работата со кинеските технолошки лидери. Портпаролката на Фејзбук за СНН рекла дека тие двајцата разговаравле за иднината на развојот на технологијата.

Snap 2016-03-22 at 23.25.15

Фејзбук и натаму е забранет во Кина и засега е нејасно дали Цукерберг зборувал околу некакви планови за промена на ситуацијата. СНН во својата идформација потсетува на неколкуте средби на Цекерберг со државниците на Кина. Исто така, американската телевизија споменува за тоа како Цукерберг на јавен настап во Кина пред неколку години покажал колку го знае јазикот на таа земја.

На другата страна на светот, историска посета на американскиот претседаел Барак Обама на Куба. Раул Кастро претседателот на Куба не го пречека неговиот колега на аеродром, како што тоа го направил за поглаварот на Римокатоличката црква и за рускиот Патријарх Кирил. Претседателот на САД Барак Обама во обраќањето до кубанскиот народ изјави дека допатувал на Куба за да ги погреба последните остатоци од студената војна во Америка.

kmjdileokd

Тој посочи дека претходната политика на САД за изолација на Куба нема смисла и апелираше до америоканскиот конгрес да го укине трговско-економското ембарго, воведено пред децении. Дојдов во Хавана за да подадам рака на пријателство кон кубанскиот народ. Јас сум тука за да се закопаат последните остатоци од Студената војна во двете Америки и да се изгради нова ера на разбирање што ќе помогне да се подобри секојдневниот живот на кубанскиот народ. Прес конференцијата на претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Државниот совет и Советот на министрите на Куба Раул Кастро заврши со непријатна сцена во која Кастро ја игнорира желбата на Обама да го прегрне.