Цветан Панделески е нов претседател на ФК Пелистер

0
2063

Фудбалскиот клуб Пелистер денес одржа вонредно годишно собрание на кое што беа реализирани најавите за комплетна смена на раководечката структура на клубот.

За нов претседател е избран Цветан Панделески и тој ќе раководи со проектот на новиот прволигаш.

Генерален директор на клубот е Благоја Кочовски – Блашко, а извршен директор на клубот Ѓорѓи Силјанов – Монгол. Така ова собрание го заврши процесот на продажба на клубот кој беше најавуван со месеци.

Пелистер сезоната ја започна со 10 бода по шест одиграни натпревари, а утре го игра првиот меч од осминафиналето на Купот на Македонија во Битола против Ренова.

Без коментари

LEAVE A REPLY