Цветанка Иванова – нов генерален секретар на Собранието

0
751

Пратениците го разрешија досегашниот генерален секретар на Собранието, Жарко Денковски и на негово место ја изгласаа Цветанка Иванова, поранешна пратеничка од СДСМ.

Како што досега го правеше тоа Денковски, и Иванова ќе има улога да ја организира работата на собраниските служби и да му помага на претседателот на Собранието, Талат Џафери во подготовките и организацијата на и за време на седниците.

Иванова е дипломиран правник како и поранешен координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието.

Без коментари