Цветков и Заев за откупот на грозјето

0
328

Правиме се за надминување на проблемот со откупот на грозјето.Се разгледуваат сите законски решенија за надминуавње на проблемот со откупот на грозјето,рече Михаил Цветков на вчерашниот јаболкобер во Ресен

Мнистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледува сите законски решенија за надминуавње на проблемот со откупот на грозјето, истакна денеска министерот Михаил Цветков, oдговарајќи на новинарски пrашања по официјалниот почеток на бербата на Преспанското јаболко.

– Државата ќе направи се да не пропадне ниту едно зрно грозје и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Она што винариите не можат да го откупат како винско грозје да оди за дестилат. Ние во секој случај ќе ги обесштетиме лозарите, но на кој начин се уште треба да почекаме може ќе се откупи грозјето. Во понеделник ќе донесеме информација што понатака – рече Цветков.

Временските услови, нагласи, придонесуваат да не дојде до капење на грозјето, а подрачните единици се излезени на терен денеска и утре треба да направат преглед колку грозје не е собрано, да дадат информација во каква состојба се наоѓа и во четврток ќе има информација врз оснива на која ќе донесеме решение што понатака.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Кавадарци изјави дека состојбите во Македонија со откупот на грозјето се катастрофални и дека Тиквешијата е во немилост и дека на народот таму му треба помош.

– Ова што до сега е очекување е дека половина од грозјето нема да се откупи. Тоа е само по себе сериозен индикатор дека овој наш народ ќе остане без пласиран род и без пари за своја сопствена егзистенција. Извршителите, банките, аптеките за препаратите и слично не чекаат, тие веднаш инкасираат и тргнуваат во наплата на своите побарувања. Се работи за нашиот народ. Овде сме денеска да испратиме порака до Владата на Македонија. Зад некои работи да застанеме заедно, изјави Заев.

Тој ја повика Владата да на прави интервентен откуп во цела Македонија, потфат кој не би чинел повеќе од 10 милиони евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY