Цветна патека на мирот во чест на загинатите од Хирошима и Нагасаки

0
276
По повод 70 години од фрлањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки (6 и 9-ти август), Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ денеска, со симболичен настан, ќе упати апел за мир, против производството, трговијата и употребата на нуклеарно оружје.
На настанот ќе биде промовирана и т.н. Цветна патека на мирот, меѓу соседите од населбата Кашитец, долга 1.001 метар, за Гинис.
Рецитирана ќе биде и пригодна поезија.