Тунис ни покажа дека за Рио не сме дораснати

0
461

Македонските ракометари нема да играат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако во клучниот натпревар загубија од Тунис 26:32 (10:17). Тунис со двете победи обезбеди настап на ОИ, додека Македонија со она што го одигра во првите две кола на овој турнир не заслужи да оди во Рио.

Стартот на мечот го најави неславниот крај на Македонија на турнирот во Гдањск, испуштање на историска шанса за пласман на најголемата спортска смотра, каде што нашата држава никогаш не настапила во некои од колективните спортови.

Катастрофално лоша беше играта на ракометарите во текот на целиот натпревар. Одбраната не функционираше, голамните немаа свој ден, а во нападот се се сведуваше на индивидуални акции. Таквиот пристап им овозможи на борбените Тунижани да го контролира натпреварот во текот на сите 60 минути.

Тунис отвори со три гола во првите три минути, а дека дебаклот на нашиот тим беше најавен во осмата минута кога резултатот беше 1:8.

На полувреме Тунис имаше огормни седум голови предност 10:17, Македонија се обиде во вториот дел, противникот оставаше можности за за евентуален пресврт, но секогаш кога таква шанса ќе се укажеше, наместо организиаран напад „црвено жолтите“ се обидуваа со индивидуални акции, кои во најголем дел завршуваа неуспешно.

Тунис го предводеа голманот Магаиз со 13 одбрани, односно Бугами со седум и Саед со шест голови.

Без коментари

LEAVE A REPLY