Тупаници и клоци за турските пратеници од власта

0
443

Пратениците од владејачката партија и оние од прокурдската партија си разменија боксови во Парламентот за време на дебатата по предлогот со кој се бара имунитет за пратениците од кривична истрага.

Тепачката се случи за време на дискусијата во парламентарната комисија за измени на Уставот што ги предлага Владата.

Некои од парламентарците скокаа преку масите, додека други фрлаа шишиња со вода и се тепаа со тупаници. Неколкумина пратеници завршиле со полесни повреди.

Опозициската Народна демократска партија смета дека овој чекор е обид за задушување на критиките.